Флорентино Перез, газдата на Реал Мадрид, вчера веднаш по триумфот над Виљареал со кој “кралевите“ станаа шампиони, во изјава на новинарите, се разбира покрај честитките за титулата на своите играчи и на Зидан, го кажа и следното.

Заборавете на трансфери ова лето. Ние како клуб не можеме да бараме од нашите играчи намалување на платите, а во исто време да даваме милиони за трансфери. Ова лето нема да има скапи засилувања. Мбапе!?… ќе мора да почека. Реал кога – тогаш секако дека ќе се врати на пазарот, но кога ситуацијата ќе дозволи и кога ќа заврши пандемијата. Кога веќе ме прашувате за Серхио Рамос да истакнам дека фановите може да бидат мирни. Тој останува, тој во Реал ќе биде цел живот. Неговите лидерски способности нам нисе потребни“ рече Перез.