Играчите на Вардар го испратија најавеното соопштение. Тие се разочарани од управата на клубот, и од нивните лаги. Тие најавиле дека биле подготвени да останат, но дека повеќе не се издржувало со лагите. Од вчера сите играчи се слободни, Вардар повеќе нема фудбалери.

„Почитувана Македонска и спортска јавност , ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар.За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение,чекање,непочитувањето спрема фудбалерите,тренерите,целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај.Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот , а накрај не разочара сите и не остави на цедило. Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери тие дозволија клубот да го допре дното. Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен , се боревме со срце за боите на светиот дрес , имавме прекрасна атмосфера , имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме. Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар , но со тие лаги неможеме повеќе да издржиме . Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина . Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај . Вардар е голем тим , Вардар е најголем бренд во Македонија,нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес , затоа тој клуб несмее да згасне и спасете што побрзо за доброто на цела Македонија. ЕДЕН ЖИВОТ , ЕДНА ЉУБОВ 🔴⚫️❤️“, се вели во соопштението. 

Ова доаѓа како резултат на откажувањето на главниот спонзор Сергеј Самсоненко. Клубот засега нема најави дека некој ќе го превземе. Благо Георгиев и натаму го нема, а времето минува. Ако продолжи вака, тогаш може дури и да згасне!