Напаѓачот на Еибар, Пабло Де Блазис, одлучил да се откаже од дел од платата, за парите да им се дадат како награден бонус на останатите вработени во клубот. Станува збор за вработени кои се грижат за сите останати работи во клубот за истиот да функционира беспрекорно.

Договорот на Аргентинецот со Еибар истече во јуни. Тој, сепак, го продолжи договорот за да ја заврши сезоната со тимот.

Ова лето, 32-годишниот Де Блазис планира да се врати во својата татковина, а од порано им дал ветување на вработените во Еибар дека ќе имаат посебна „премија“ лично од него на крајот на сезоната.