Раководството на Барселона веќе донесе одлука околу иднината на Кике Сетиен. Откако ја загуби титулата, синоќа имало итен состанок на шефовите на каталонскиот тим со тренерот.

Донесена е одлука Сетиен да ја води екипата до крајот на сезоната, а потоа повторно ќе се седне да се размислува за понатаму.

Јасно е дека Сетиен по крајот на сезоната ќе биде „поранешен“, а веќе кружат имиња кои би можеле да го заменат. Така едно од нив во последно време кое се споменува е Лорен Блан. Исто така се споменува и Маурицио Покетино.