Македонскиот одбојкарски репрезентативец Иван Андонов кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина. Нов клуб на нашиот среден блокер ќе биде најдобриот состав во босанската Премиер лига, екипата на Јединство од Брчко.

Од клубот ја потврдија информацијата, истакнувајќи дека во Андонов добиваат големо засилување за следната сезона. Минатата сезона Андонов ги бранеше боите на Партизани од Тирана, а беше дел и од репрезентацијата која минатата година го имаше историскиот настап на ЕП во Словенија.