Кристијан Наумовски ќе биде новиот голман на Шкупи. Чаирчани најдоа решение, по повредата на Игор Алексовски кој што ќе паузира неколку месеци.

Наумовски доаѓа од Малта, каде беше дел од Балзан и Биркиркара, а претходно бранеше во Пегасус, Динамо Букурешт, Левски, а од македонските клубови беше дел од Работнички и Скопје. Станува збор за екс репрезентативец.

Исто така пред потпис е и Филип Трајановски, екс младински репрезентативец кој лани беше дел од Борец. Шкупи во следните денови ќе потпише и со фудбалер од Азербејџан. Станува збор за стоперот Елвин Јунузаде кој доаѓа од Челик Зеница.