Антонио Конте после вчерашното „реми“ со Рома, ги критикуваше челниците на Серија „А“ околу распоредот. Тој спомена дека некои клубови имаат повластен статус околу распоредот, мислејќи тука на Јувентус, притоа заборавајќи дека цели 20 години беше дел од Јуве.

„Нашиот распоред на натпреварите е луд. Противниците имаа еден ден повеќе одмор. Играме во 21:45, го плаќаме данокот на уморот. Ќе видите што ќе се случува во последното коло“, рече Конте.

„Се гледа дека клубовите не биле присутни кога се правел календарот. Календарот е луд, некои тимови имаат по пет дена одмор. Ова е трет натпревар кој го играме со екипи кои имаат еден ден повеќе одмор од нас“, рече Конте.

А, пет дена одмор има токму Јувентус, тимот од каде доаѓа Конте. „Старата дама“ против Сасуоло играше во средата, а против Лацио ќе игра токму вечерва.

На четири натпревари до крајот, Интер доцни зад Јувентус пет бодови. Ако Јуве победи вечерва, разликата ќе се зголеми на осум.