Играчите во Бундес-лигата го изгласаа Роберт Левандовски ја најдобар фудбалер во шампионатот, но исто така го кажаа своето кога станува збор за најголемото разочарување.

На првото место се најде Марио Геце, кој го постигна победничкиот гол на СП 2014 година. Германецот повеќе не е истиот играч, оваа сезона запиша 15 настапи, голем дел од клупата за резерви, според 30% од фудбалерите тој е најголемото разочарување.

Зад Геце се најде голманот на Шалке, Александер Нубел, додека во Топ 5 уште се и Саломон Калу и Фелипе Кутињо.