Алдаир Нето го засилува Пелистер, ова е информацијата која што ја дознава СПОРТМЕДИА. Португалскиот офанзивец кој во Македонија, односно во Шкендија, дојде во зимскиот преоден рок по само шест месеци во градот под Шара ги напушти тетовци и утре би требало да биде официјализиран неговиот трансфер во амбициозниот битолски клуб.

Се разбира дека ова ќе биде големо засилување за составот на Зоран Штерјовски, а самиот Нето би требало утре да го има и своето деби за Пелистер на пријателската средба со Охрид.