Жозе Мурињо. Или го обожувате или го мразите. Нема средина кога станува збор за Португалецот, еден од најконтроверзните и најхаризматични тренери во историјата на фудбалот, а титулите велат и еден од најдобрите.

Самиот себе си се нарече “специјален“, а секаде каде што оди привлекува внимание, па дури и кога оди во посета на една своја “пријателка“ маскиран.

Жозе никогаш и никого не остава рамнодушен.

Инаку малку се знае дека Жозе е и херој, и тоа за една случка од пред 34 години. Тогаш тој имал 23 години, настанот се одиграл во Сетубал додека Жозе бил член на некој си нисколигаш Комерцио е Индустриа.

Извесен фудбалер со необично име Ди, по тренингот влегол но својот автомобил кој потоа се запалил. Тука веднаш регаирал токму Мурињо и му го спасил животот на споменатиот Ди.