Срѓан Захариевски е тренер на Струга ТЛ уште од март, но дури пред некој ден имаше шанса за првпат да ја води својата екипа на еден натпревар, па макар тој бил и и пријателски. Познато е дека кај нас имаше пауза поради короната, а од пред некој ден почнаа да се играат пријателските.

Па од она што го видов на контролата со Ренова можам да бидам задоволен, посебно ако се знае дека ова беше прв меч после толкава пауза, и меч во кој во првиот дел шанса добија младите. Мислам дека имаме потенцијал, донесовме неколку искусни играчи, но ако сакаме да бидеме поконкурентни во првенството во ПМФЛ ќе мораме да донесеме уште еден до двајца нови играчи, кои веднаш би биле носители на играта. Иаку концептот на клубот е познат, Струга ТЛ претежно ќе се осврне на младите, се прави тим кој долго може да игра заедно. Тие добро работат во текот на овие подготовки, импонира нивната желба за работа. Во секој случај не очекуваат напорни тренинзи, фанатична работа тимот да го ускладиме и подготвени влеземе во новата сезона. Да кажам дека утре патуваме во Маврово, каде ќе ги одмериме силите со екипата на Македонија ЃП“, изјави за СПОРТМЕДИА, Срѓан Захариевски.