Монако денеска го претстави Нико Ковач за нов тренер на екипата. Хрватскиот стратег, поранешен тренер на Ајнтрахт Франкфурт и на Баерн Минхен седна на жешкото столче на клубот од Кнежевството и ќе проба да го врати на патеките на старата слава.

Се се случи брзо. Монако е голем клуб и мораме да го вратиме таму каде што му е местото. Мора да играат на меѓународната сцена. Секој тренер има своја филозофија и размислување за фудбалот. Работев во Ајтрахт и Баерн кои се два комплетно различни тимови. Морам да видам во каква состојба се играчите. Но најпрво морам да се адаптирам за да одберам вистинска стратегија и тактика кои ќе дадат резултати“, изјави Хрватот.

А на прашањето дали се свесен што Монако смени дури четири тренери во претходните 18 месеци, тој кратко одговори.

Не, не се плашам“.