Натпреварот меѓу Аталанта и Болоња во 35. коло на Серија А го одбележа инцидент меѓу тренерот на гостите Синиша Михајловиќ и тренерот на домашните Џан Пјеро Гасперини. После груб фаул над играчот на Болоња Олсен, Михајловиќ збесна и со оглед на тоа дека нема публика, тонот добро се слуша, па кој знае италијански може да раскаже како двајцата тренери се изнапцуја.

А тренерот на Аталанта незадоволен од судиската одлука дофрли нешто па доби втор жолт картон и беше исклучен. Некој се потрудил да преведе од италијански на англиски што точно му зборувал српскиот тренер на колегата од спротивниот табор.

„Што сакаш. Кој к*р им зборуваш на моите (играчи)? Зборувај си со твоите. Оди дупи некого друг…“, реакцијата на Михајловиќ.