Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не крие дека е презадоволен од работата на тренерот Зинедин Зидан, под чие водство „кралевите“ ја освоија Ла Лига оваа сезона.

Шефот на кралскиот клуб е подготвен да му обезбеди на Французинот неограничен договор и да ги прошири неговите овластувања. Според Перез, Зидан би можел да стане за Реал Мадрид она што некогаш за Манчестер Јунајтед беше Сер Алекс Фергусон, кој го водеше англискиот тим цели 26 години.

Зидан и годинава потврди дека е исклучително квалитетен стратег кој успеа да го извлече Реал до шампионскиот трофеј во жестоката битка за врвот со Барселона. Под негово водство, Реал Мадрид има освоено 11 од можни 17 трофеи, вклучувајќи и три титули во Лигата на шампионите. Договорот на Французинот со „кралевите“ е до 2022 година.