Хуан Фелипе, екс фудбалерот на Вардар и Шкендија “закачи“ коронавирус. Имено тој е позитивен, такви се информациите од Кипар. Да потсетиме дека “кариоката“ потпиша за кипарски Енозис Ахна, но само што слетал на аеродром на Кипар, тој бил подвргнат на тест за Ковид-19.

Неговиот шок бил голем кога на тој тест Бразилецот бил позитивен. Сега сигурно е дека Фелипе го чека барем двонеделна изолација, дури по вториот негативен тест ќе може да им се придружи на своите нови клупски колеги.

Да споменеме дека до пред извесно време тренер на Енозис беше Чеде Јаневски, а во минатото многу наши фудбалери го носеа дресот на овој кипарски клуб.