Работнички веќе три дена се наоѓа на подготовки во Охрид. Фудбалерите во една мирна, релаксирана и позитивна атмосфера ги одработиваат задачите на стратегот Ратко Достаниќ, како што се гледа од фотографиите. Досега “романтичарите“ одиграа една пријателска и тоа против Пелистер, славеа со 2:0, а во петок, исто во Охрид, ги чека дербито со Шкендија.

Новина во таборот на “романтичарите“ е новиот член на стручниот штаб, а тоа е Михаило Шејкероски – Шани кој ќе биде задолжен за физичката подготвеност на играчите. Шани има работено во Металург, Академија Пандев како и во клубови во Бугарија како Ботев, Локо Пловдив.

Па така сега Ратко Достаниќ покрај себе во стручниот штаб ги има Баже Илијоски, Михаило Шејкероски и Филип Маџовски.