Ренова, нашиот претставник во фудбалска Европа, се чини дека го “затвори“ летниот преоден рок, барем што се однесува на нови играчи. Имено според зборовите на “оперативците“ на клубот, тоа што досега е донесено тоа и ќе биде како засилување, се разбира главната работа што беше завршена е тоа што “гипсарите“ успеаја да ги продолжат договорите со клучните играчи од минатата сезона.

Инаку кога сме новите имиња, да споменеме дека досега Ренова ова лето се засили со Филип Стојчевски, Сенад Хусиќ, Ален Јашаровски и Емран Рамадани. Раководството на Ренова посакува барем уште едно име, и тоа да биде бек а воедно и млад фудбалер до 21 година за да може да биде во комбинација за стартниот состав.

Ренова инаку и натаму се подготвува во Охрид, во мирна и релаксирана атмосфера, “гипсарите“ под водство на стратегот Бујар Ислами го одработуваат тоа што им е зададено како задача. Утре ги чека дуел со Шкупи, уште една контрола во Охрид, против екипа која исто така ќе ја претставува Македонија во фудбалска Европ