Поранешниот репрезентативец на Македонија во помладите категории, Никола Секулов, кој сега е член на италијански Јувентус, синоќа имаше посебна вечер. Тој успеа да го добие дресот од рекордната вечер на Кристијано Роналдо, при постигнувањето на двата гола за Јуве со кои „Старата Дама“ го совлада Лацио и дојде на чекор до Скудетото.

Секулов беше на мечот, а по средбата имаше среќа да го добие дресот на португалската ѕвезда.