Ако се беше во ред, ако го немаше проклетиот Ковид-19, сега ќе зборевме за ОИ во Токио. Но поради коронавирусот Олимписките игри се одложени за следното лето, а Human Rights Watch, објави шокантен извештај кој се однесува за тоа како се третирани јапонските спортисти.

Во истражувањето во кое беа вклучени 800 спортисти во 50 спортови, тука имаше и олимпијци и параолимпијци, се дојде до следниот заклучок.

Имено голем број спортисти во таа земја трпат невидена тортура, најчесто од своите тренери. Тука има навреди, пониќување, потоа дури и удирање па и сексуално малтретирање или вознемирување.

“Спортот во Јапонија е причина за болка, страв и проблеми“ стои во извештајот.