Џенова со важна победа над Сампдорија од 1:2 во градското дерби, важни бодови за опстанок на тимот на Горан Пандев кој што уште еднаш имаше своја улога.

Имено, тој изнуди пенал кој Кришито го реализираше во 21. минута за 0:1. Потоа Сампдорија изрмани, а Лерагер донесе 1:2, голем триумф. Горан Пандев втор меч по ред игра по 90 минути за својот тим.

Интер со 0:0 против Фиорентина на домашен терен, се чини се збогуваше со Скудетото. Сега заостанува седум бодови зад Јувентус, кој утре доколку триумфира, тогаш и дефинитивно ќе го отпише Интер од битката за титулата.

Рома го „декласираше“ Спал со 1:6 на гости, а важна победа оствари и Лече кој ја совлада Бреша со 3:1 и дефинитивно ја испрати во Серија „Б“. Торино и Верона одиграа без победник 1:1.