Ако им веруваме на дел од шпанските медиуми, Марк Маркез во четврток повторно ќе биде во Херез, каде ќе се обиде да вози на Гран при трката за ГН на Андалузија, и покрај сериозната повреда и операцијата на раката. Како што пишуваат медиумите во Каталонија, Маркез најавил дека сакаа да се врати на својот мотор само три дена по операцијата на горната коска на раката која му беше направена во вторникот.

Тој беше опериран од д-р Мир, хирургот кој потврди дека радијалниот нерв во раката на Марк не е повреден.

Маркез ќе лета од Барселона до Херез со негов приватен авион денеска, а Хонда веќе потврди дека ќе биде присутен на Гран прито на Андалузија, пишува Ел Паис. Конечната одлука за неговото учество на трката и тренинзите ќе ја донесат лекарите.