По долга пауза, синоќа, повторно се вратија НБА натпреварите. Сепак, станува збор за првите подготвителни средби пред почетокот на финалниот дел кој НБА ќе го има во „Дизни Ворлд“ во орландо.

Во првиот синоќешен меч ЛА Клиперс славеше над Орландо со 99:90, додека Денвер минимално со 89:82 беше подобар од Вашингтон. „Кралевите“ од Сакраменто беа поразени од Мајами Хит со 104:98, додека Њу Орлеанс беше убедлив против Бруклин со 99:68.

На најинтересниот меч меѓу Сакраменто и Мајами, Данкан Робинсон беше најдобар кај победниците со 18 поени, а Горан Драгиќ додаде 11. Немања Бјелица постигна 13 поени за Сакраменто, шест помалку од најефикасниот Бади Хилд, додека Богдан Богдановиќ постигна три поени за 23 минути на паркетот.