Холандскиот фудбалски стратег Франк Де Бур повеќе не е тренер на Атланта Јунајтед. Американскиот клуб денес објави дека со Де Бур меѓусебно се согласиле за прекин на соработката.

Клубот наскоро ќе објави привремен тренер, додека започне потрагата по трајна замена за Де Бур.

„Во име на Атланта Јунајтед, би сакал да му се заблагодарам на Френк за неговото водство и посветеност кон клубот“, рече претседателот на Атланта Јунајтед, Дарен Елес.

Де Бур беше на клупата на членот на МЛС лигата од 23 декември 2018 година, заменувајќи го Герардо „Тата“ Мартино.