Како што дознаваме, Филип Дурански од понеделник ќе почне да тренира во Кратово, заедно со своите некогашни соиграчи, фудбалерите на Силекс. Имено на некогашниот капитен на кратовци му истече договорот со Серед (Словачка), па ако не најде заеднички јазик за продолжување на истиот, искусниот играч за врска би можел да потпише за Силекс. Да потсетиме дека Дурански во Словачка замина во февруари, и тоа директно од Анталија, каде кратовци тогаш беа на подготовки. Секако дека ако Силекс успее да го врати некогашниот капитен, тоа ќе биде најголемото засилување за составот на Горан Симов ова лето. Силекс со задржаниот “костур“ на тимот од лани, но и со Пепи Георгиев, Дејан Тантуровски и Филип Дурански, секако дека ќе има силен состав, дури и за напад на врвот на табелата во ПМФЛ.