Попладнево во Охрид, во пријателски натпревар екипата на Шкендија со 2:0 славаше над Работнички. Во интересен меч, со по неколку шанси за гол, тетовци беа подобри и заслужено победија. Ахмеди во 56.минута по една соло акција му донесе водство на својот тим, додек 12 минути подоцна во мрежата на “романтичарите“ стрелаше и Бесарт Ибраими за конечни 2:0.

Да споменеме дека на овој натпревар за Шкендија за првпат настапи и големото засилување, Љупче Дориев. Тој влезе во вториот дел и заедно беше во нападот со Бесарт Ибраими и Валмир Нафиу.

Работнички мечот го започна со Јанков, Пецов, Трајковиќ, Ѓорѓевиќ, Зука, Силјановски, Тодоровски, Л. Станковски, Стојкоски, Максимов, Петковски.

Додека пак тренерот на Шкендија Ернест Ѓока им даде шанса на Захов, Алити, Мурати, Кривак, Бејтулаи, Зејнулаи, Тотре, Алими, Ахмеди, Ес Саххал, Имери. Во продолжение од средбата во игра влегоа и Ибраими, Дориев, Незири, Нафиу..