ФК Тиквеш, големиот фаворит за првото место во Втората лига – исток во следната сезона, и натаму продолжува да тренира на игралиштето во с. Марена. Кавадарчани под водство на стратегот Раде Цицмиловиќ во една убава и позитивна атмосфера го одработуваат тоа што треба во овој дел од летните подготовки.

Од таборот на Тиквеш велат дека во следната сезона се знае, мислите ќе бидат насочени само кон битка за првото место, тоа мора да се случи зошто Тиквеш го имал најдобриот тим на истокот. Дека е време Тиквеш да се врати во елитата, таму каде што и му е местото. Инаку во Марена се тренира поради фактот дека на Градскиот стадион во Кавадарци се поставува нов тревнат терен, а на него играчите ќе згазнат на крајот од август или почетокото на септември.