Ралф Рангник навистина нема среќа. Со месеци се најавуваше неговиот трансфер во Милан, веќе беше виден на “Сан Сиро“, се подготвуваше и промоцијата, за да се случи чудо. Тоа чудо е супер серијата на Милан под подство на Пиоли во финишот на сезоната, и италијанскиот гигант реши да го “откачи“ Германецот, односно да ги прекине сите преговори а на сегашниот тренер да му понуди да остане на клупата и во наредната сезона.

Сепак шефот на Ред Бул веројатно ќе ја промени средината ова лето и ќе си замине од Германија, но не во Италија туку во Германија. Се споменува Манчестер Јунајтед, клуб со кого Рангник и порано имал разговори и преговори. Тој би можел да дојде на “Олд Трафорд“ и тоа како спортски директор на екипата со која раководи Оле Гунар Солскјер.

Ако оваа варијанта се оствари, тогаш Германецот ќе биде првиот спортски директор во историјата на Манчестер Јунајтед.