Хави Грација ќе биде нов тренер на Валенсија. Како што објави вечерва весникот „Марка“, сопственикот на клубот му дал зелено светло на оперативниот тим да го договори Грација во најскор можен период.

Изминатове неколку дена наводно преставници на Валенсија се сретнале со агентот на стратегот и постигнале финален договор.

Грација пристигнува во Валенсија со цел да го поведе проектот во кој ќе има нагло намалување на буџетот, но и натаму со единствена цел, влез во Лигата на шампионите. Последен ангажман на Грација беше во екипата на Ватфорд.