По вчерашниот работен состанок, ракометарите на Е. Пелистер предводени од новиот тренер Жељко Бабиќ денеска и официјално го одржаа првиот тренинг. На помошниот терен покрај стадионот „Тумбе Кафе“ беше означен почетокот на тренинг периодот и подготовките за новата сезона.

Со нови имиња како Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски, како и дел од оние кои беа во тимот и минатата сезона, Бабиќ ја почна мисијата во новиот битолски ракометен проект. Веќе за утре е закажано нивно заминување во Маврово каде треба да работат во период од две недели.