Овогодинешниот македонски претставник во Лигата на шампионите, тимот на Силекс и екипата на Борец вчера одиграа пријателски натпревар во Кратово, кој домашните го добија со 2:0. Натпревар како натпревар, пријателски, со желба за докажување кај поедини играчи, но и ситуации кои реално не му се потребни никому.

„Во Кратово навистина е тешко да се игра дури и пријателски натпревар. Им честитаме на домаќините за снаодливоста и победата и им посакуваме успех во фудбалска Европа но морам да потенцирам дека Кратово е можеби последниот фудбалски терен во ПМФЛ каде што гостинот се пречекува со навреди и умаловажувања. Се демонстрира сила и агресивност како во времето на „ѕинговизмот“. Резултатот и играта за жал ќе останат во втор план овојпат поради „младиот” господин кој цел натпревар од ложата не навредуваше и омаловажуваше, на секој можен начин со погрди пцовки и вулгарности, а ќе споменам само една од нив “крв ќе плукате” и слично. Оваа прилика ја користам истиот тој „млад“ господин да го поканам на првенствен натпревар во Велес, да види како се однесува вистинската фудбалска публика, која со респект и почитување ги пречекува сите наши противници, а доколку се подобри ги исшраќа со аплауз“ – изјави тренерот на Борец, за Спортмедиа, Горазд Михаилов.