Последното коло во Хрватска се играше без публика, со одлука на хрватскиот фудбалски сојуз. Но, тоа не беше причина навивачите на Осијек да се соберат пред стадионот, и да го следат историскиот дуел со Локомотива Загреб, на кој со победа, Осијек требаше да игра во квалификациите во ЛШ. На крајот триумф на Локомотива, а навивачите се обидоа да влезат на стадион.

Така дошло до тепачка меѓу навивачите и полицијата, при што повредени се неколку навивачи откако полицијата користела и солзавец. Навивачите, пак, користеле камења.