Бразилскиот офанзивец Матеус Куња, е на „радарот“ на многу европски гиганти. Играчот на Херта имаше одлична сезона, и од тука понудите се очекува да стигнуваат.

Прв кој има намера да го ангажира е тимот на ПСЖ. Куња само што стигна во Херта од Лајпциг за 18 милиони евра, игра во одлична форма. Покрај ПСЖ, интерес за 21-годишниот Бразилец има и од Интер.

Со оглед на заминувањето на Кавани, Парижаните остануваат само со Мауро Икарди во нападот, па од тука ќе им треба еден офанзивен играч.