Милан Ристовски, барем според пишувањето на “Нови лист“ во текот на вчерашниот ден, би требало да направи трансфер во германскиот второлигаш Ауе. Преговорите меѓу Ријека и Ауе биле во завршна фаза, а нашиот интернационалец како што е познато е под договор со хрватскиот клуб, но во последните две сезони играше како позајмен играч, а во минатат одигра одлично во дресот на Нитра. Пишува дека на Ријека и треба секое евро, па затоа тие очекуваат дека може да добијат од Ауе за Македонецот од 400.000 до 500.000 евра.

Инаку уште пред десетина денови имаше шпекулации дека Падерборн  и Ауе се заинтересирани за Македонецот.