Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалер во историјата, денеска полни 37 години. Како ли брзо минаа тие 20 години кога како дете, мега талент, се појави во мак – фудбалот. Сега тој Пандев, или ГРАНДЕ Пандев како што милуваат да го нарекуваат италијанците, е навистина ГРАНДЕ. Успеси, трофеи, титули, голови, уште шест му недостигаат да стигне до бројот 100 во Сериа А.

Најави пензија за ова лето, сакаше со настап на ЕВРО 2020 да ја заврши кариерата, но Ковид-19 како да ги поремети неговите планови. И со право, без разлика што денеска полни 37 години тој се уште е во екстра форма. Затоа пензијата ја одложи за следното лето.

СПОРТМЕДИА му посакува уште многу голови за Џенова, уште многу настапи во дресот на Македонија и секако уште многу голови за својата репрезентација каде веќе долго време е предводник на една одлична наша генерација.

Му посакуваме пласман на ЕВРО 2021, кое ќе се одржи следното лето, да биде во топ форма прво со Косово а потоа и за финалето во плеј – офот.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН КАПИТЕНУ, сите желби да ти се остварат… 🎂