Пари Сен Жермен на 12 август ќе го игра четвртфиналниот дуел со Аталанта, а на теренот ќе го нема Килијан Мбапе поради повреда. Како што е познато младиот француски репрезентативец се повреди во финалето на Купот против Сент Етјен, тогаш излезе на носилки. Сепак, избегната е потешка повреда, лигаментите и коските на глуждот се океј, а се работи само за извиткување на глуждот. Сепак ќе мора да паузира околу три недели што значи дека нема да се појави на теренот против Аталанта во Лисабон.

Тој би бил достапен при евентуалното полуфинале и финале на ПСЖ.