Александар Пановски (32) е новиот играч на Слога од Виница. Напаѓачот е големо засилување за второлигашот, доаѓа од редовите на Кит Го, а играше уште за Борец и за Силекс. Од клубот најавија дека во наредните денови ќе има уште неколку нови играчи.

Претходно Слога ги донесе Игор Момировски и Антонио Бујчевски од редовите на Пелистер.