Спачва од Винковци е ривалот на Металург во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа. Се чини навидум македонскиот клуб имаше среќа во ждрепката.

За тоа што можеме да очекуваме од тимот од Автокоманда, свој коментар за СПОРТМЕДИА има претседателката на клубот Зорица Блажевска.

Па, морам веднаш да кажам дека сме задоволни од ждрепката. За нас Спачва беше најпосакуван противник, и ете го добивме тоа што го посакувавме. Сметам дека Металург има тим кој може да ја мине оваа пречка. Всушност кој и да се паднеше од можните ривали на денешната ждрепка, Металург можеше да се носи со сите. Создадовме тим кој е подготвен да се носи со сите предизвици. Интересно е тоа што и пред ждрепката нашиот тренер Зоран Кастратовиќ, ги анализираше сите можни ривали, па и Спачва, и дојде до заклучок дека можеме и треба да се пласираме во следната рунда. Јасно е дека во спортот однапред ништо не се знае, но сепак сметам дека можеме и треба да ја минеме оваа пречка како што напоменав и претходно. Првата ја играме дома и тоа на 29 август во салата “Јане Садански“, а потоа гостуваме во Хрватска, и тоа на 5 септември. Добро е тоа што Винковци и не е така далеку, ќе патуваме со автобус, мораме да се организираме максимално во ова време на Ковид-19“ рече Блажевска.