И дефинитивно оваа 2020 година ќе биде една од најлошите во историјата на Барселона. Се што можеше да тргне наопаку, едноставно тргна и нема намера да запре. Па така тренерот Кике Сетијен пред реваншот од 1/8 финалето во ЛШ против Наполи има големи, големи проблеми. Верувале или не, тој има на располагање, барем во моментов, само 13 фудбалери.

Како што е познато Артур си замина во Бразил и нема намера да се враќа, па сега Барса ќе му поднесе тужба. Познато е дека Серхио Бускетс и Видал се суспендирани,а лоша вест е таа дека младиот стопер Роналд Араухо, поради кого Тодибо беше продаден, потешко се повреди играјќи за вториот тим.Повредени се Умтити и Дебеле, па така кога ќе се подвлече црта ќе се види дека Сетијен има на располагање само 10 играчи и двајца голмани, па се надева дека до крајот на оваа недела би се вратиле повредените Гризман и Легле.

Инаку еве го списокот на Сетијен на кој тој може да смета за дуелот со Наполи:

Голмани: Тер – Штеген, Нето. Одбрана: Семедо, Пике, Алба, Фирпо. Среден ред: Серхи Роберто, Де Јонг, Ракитиќ, Рики Руџ. Напад: Меси, Луис Суарез, Фати.

На овој список би можеле да се додадат споменатите Гризман и Легле.