Се чини дека го имаме победникот ова лето во категоријата за најубави дресови за следната сезона. Дресот на Милан, инаку дизајниран од Пума, се чини просто ја “уби“ конкуренцијата, и за тоа сите се сложуваат, посебно фановите на Милан. Гигантот од Милано утринава го промовираше дресот во кој ќе ја игра наредната сезона, и сето тоа наиде на воодушевување. Се чини дека и Пума се надмина себе си, ретко кој очекуваше ваков дизајн.