Вардарци денеска во 18 часот ги стартува подготовките за новата сезона. Подоцна од сите, поради проблемите со кои се соочи тимот поради оставањето на клубот од Сергеј Самсоненко. Тимот не најде спонзор, ниту Бугарите ниту Германците не дојдоа до управувањето, па така до декември Вардарци ќе стартуваат со далеку помал буџет и со сосема изменет тим.

Во Вардар денеска на прозивката ќе ги нема Гачевски, Новак, Брдаровски, Жуниор, Адем, Ибиши, Цветаноски, Младеновски…

Доколку не најдат соодветен ангажман во меѓувреме, засега остануваат и Филип Најдовски и Дарко Мицевски. Неизвесно е дали ќе остане Даниел Аврамовски.

Во екипата треба да се приклучат неколку од младите категории, како и искусните Дејан Блажевски, Дејан Цветаноски и Филип Петковски. Тоа се засега новите имиња со кои ќе располага Вардар, а до попладне може да има уште неколкумина кои во моментов се без ангажман, а кои ќе сакаат да помогнат за „црвено-црните“.