Екипата на Слога Виница со 3:0 го совлада Росоман во пријателски натпревари одигран денеска. Меѓу стрелците се запишаа и новите засилувања за клубот од Виница Александар Пановски и Антонио Бујчевски. Еден гол постигна Бојан Иванов.

Пред четири дена овие две екипи исто така одиграа пријателски меч, а тогаш Росоман водеше со 2:0 но Слога стигна до 2:2.

Инаку ова е трет пријателски меч за Слога, а првиот го изгуби од Силекс. Следниот им е против Македонија ЃП на 1. август, потоа ќе играат со Победа на 8 август и на 16-ти август со Кадино.