Давид Алаба бил на средба со раководството на Баерн Минхен за нов договор. Меѓутоа извршниот директор Хасан Салихамиџиќ обелодени дека побарувањата на Австриецот се превисоки, односно 40 милиони евра по сезона.

Сепак, шпанските медиуми откриваат позадина во сево ова. Наводно Алаба барал толку пари за да замине во Барселона од кого има интерес.

Сигурно дека од Барса нема да му дадат 40 милиони годишно, но останува да се види како ќе се развива целата ситуација. Договорот на Алаба истекува на крајот на идната сезона.