Осман Дембеле како да е од стакло. Само што ќе искочи на терен, се здобива со нова повреда. Младиот офанзивец кој пред три години дојде во Барса од Дортмунд за 140 милиони евра, буквално е повеќе на трибини отколку на терен, а нели, требаше да биде наследникот на Нејмар.

Кике Сетијен во морето проблеми денеска се соочи со уште еден. Стратегот на Барса се надеваше дека Французинот сигурно ќе се најде на списокот на играчи за реваншод од 1/8 финалето во ЛШ против Наполи.

Се надеваше, но ништо од тоа. Дембеле на денешниот тренинг на Барса ја повредил задната ложа и нема теорија да игра со Наполи. Тој до крајот на тренингот работел одвоено, но со болни гримаси на лицето.

Сите во Барса се прашуваат каде е тој Дембеле кој кога играше за Борусија Дортмунд беше еден од најдобрите млади играчи во светот.

Очигледно бадијала фрлени дури 140 милиони евра.