Стефан Ристовски е интересен за ангажман во бундеслигашот Волфсубрг, пишува португалското издание на „А Бола“.

Според изданието, Ристовски е еден од играчите кој може да биде продаден ова лето. Ристовски имаше добра сезона за Спортинг, каде што беше стандарден, а исто така е неизоставен дел и од националниот тим.

Договорот на Ристовски е до 2022 година со Спортинг. Понудата наводно изнесува четири милиони евра.

Во минатото во Волфсбург настапуваа Ферхан Хасани и Ндерим Неџипи.