Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Златан Ибрахимовиќ ја донел одлуката за следната сезона. Според весникот, Ибра и во новата сезона ќе го носи дресот на Милан.

38-годишниот Швеѓанец ќе постигне договор за продолжување на соработката со клубот. Актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната, но „росонерите“ ќе му понудат најмалку 4 милиони евра по сезона. Во оваа сима ќе има и дополнителни бонуси, во зависност од настапите.