Така тоа го прават големите клубови. Со приватен авион по својот нов фудбалер. По двонеделни прегледи и чекање на комплетирање на целата документација, конечно доцна попладнево Давид Тошевски од Белград летна за Ростов. Замина екс “романтичарот“ во својот нов клуб каде во наредните пет години ќе се обиде да изгради голема фудбалска кариера.

Да потсетиме дека Ростов за нашиот фудбалски бисер плати неверојатни, за нас, 3 милиони евра, од кои два се за играчот а еден за Работнички.

Па така е кога се плаќаат милиони, тогаш по тебе ќе праќаат и приватен авион.