Најдобрата тенисерка на светот во моментов, Ешли Барти објави дека нема да настапува на овогодинешниот УС Опен кој инаку ќе се одржи од 31 август до 13 септември поради страв од зараза од коронавирусот.

„Сакам да играм на овој турнир но ризикот во моментов е преголем. И за мене и за мојот тим кого потполно би го изложила на опсаност“ – рече Барти.

Директорката на турнирот Стејси Оластер изјави дека почитува сечија одлука во моментов.

„И посакуваме се најдобро и чекаме што побргу да се врати кај нас, бидејќи е една од омилените тенисерки на публиката“ – изјави Оластер.