Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, почна да прави притисок врз УЕФА да се промени местото на доигрување на реванш мечот од осминафиналето во Лигат ана шампионите со Барселона.

Според првиот човек на наполитанците, здраствената ситуација во Шпанија е пред колапс и бројните случаи на заразени со коронавирусот ги плаши Италијанците да патуваат во Каталонија.

„Страшно е во Шпанија. Зошто не можеме да играме против Барселона во Португалија?“, вели Де Лаурентис.

Претходно беше објавено дека УЕФА има намера средбата да ја префрли токму во Португалија, каде ќе се одвиваат сите натпревари од главниот турнир на ЛШ. Одлуката ќе биде донесена пред крајот на оваа недела.