Трансферот на Феран Торес во Манчестер Сити е факт. Клубовите сè уште ја комплетираат документацијата, по што и официјално ќе го потврдат трансферот на фудбалерот.

Според информација која ја објави шпанска „марка“, сумата која Сити ќе и ја плати на Валенсија за Торес е точно 23 милиони евра (фиксно), плус 12 милиони во вид на бонуси.

Првично извори од Валенсија потврдија дека станува збор за фиксна сума од 25 милиони, но крајната сума е два милиони помалку на сметка на зголемени бонуси.