Пилотот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез нема да биде дел од трката за ГН на Велика Британија на „Силверстон“ овој викенд. Мексиканецот имал позитивен тест за корона и мора да остане во карантин.

Перез исчезна во четвртокот од прес-конференцијата на возачите во очекување на резултатот од тестирањата.

„Во очекување на резултатот од вториот тест, тој ќе биде во самоизолација“, изјави неговиот тим, Расинг Поинт.

Вечерва пристигна резултатот и од вториот тест. И тој е позитивен, по што Мексиканецот мора во двонеделен карантин.